Тоа не мора да биде ништо посебно лошо, ниту посебно добро, туку едноставно, различно.
Токму поради некои од овие личности може целосно да ви се промени перцепцијата на животот.
1. Највисоката тинејџерка во светот
Елисени да Круз Силва од Салинополис, Бразил е висока 2,32 метри. Најверојатно тоа е настанато како последица на туморот на хипофизата кој предизвикал неконтролиран раст.
2. Кралица на пчелите
Сара Мапели танцува топлес со 12.000 пчели залепени на неа, како еден вид медитација.
3. Жива кукла
Венус Анџелик од Лондон е тинејџерка која е опседната со кукли, па дури и себеси се претвора во кукла. Има снимено и YouTube видеа на кои зборува и покажува примери за мода и шминка.
4. Најдебелата жена во светот
Таа има до 2008 година имала 454 килограми, а сега веќе има изгубено околу 275 килограми.
Со коса долга 17 метри, Аша Мандела е жената со најдолга коса во светот. Таа нема желба да ја скрати косата иако докторите ја предупредиле дека толку долга и тешка коса може да ја парализира.
6. Жената со најголеми нозе
Поради ретка генетска мутација, Менди Селарс има невообичаен раст на двете нозе. Таа била родена со прилично поголеми нозе од вообичаеното, но тие продолжиле и да растат.
7. Жената со најтенок струк во светот
Три години носела корсет за да го обликува и намали струкот. Мишел има 26 години, а корсетот го носи од 23 години, постојано. Го вади само кога се тушира.
8. Жената која е истетовирана од глава до пети
Изабел Варли има 74 години, а нејзината прва тетоважа ја ставила во 1986 година. За брзо време станала зависна од тетоважите, па постепено го прекрила цело тело, од глава до пети.
9. Жената која роди тројка на 66 години
Батери Деви од Индија роди три бебиња на 66 години и стана најстарата родилка.
10. Жената со најшироки колкови
Микел Руфинели има огромни колкови со обем од 2,43 метри. Според светските рекорди таа ги има најголемите колкови во светот.