На Балканот ќе се гради брза пруга до 2030 година

Изградба на железничка пруга која ќе биде со брзина од 110 km/h како и изградба на патишта на ниво на автопат или експресен пат до 2030 година во ЕУ и на Западен Балкан.


За ова станало збор на министерскиот состанок насловен како „Денови на Европските транспортни коридори”, што во понеделникот се одржа во Рига, на кој присуствуваше и македонскиот претседател Владо Мисајловски.

На состанокот на кој присуствуваат министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан, се разговара за главната мрежа на Европски транспортни коридори во рамките на ЕУ и нејзино продолжување во земјите од Западен Балкан.

Целта е во ЕУ а исто така и во регионот на Западен Балкан, оваа основна мрежа да биде изградена до 2030 година со ткн“Тен-стандарди”. Овие стандарди опфаќаат изградба на железничка пруга која ќе биде со брзина од 110 километри на час како и изградба на патишта на ниво на автопат или експресен пат.

Министерот Владо Мисјловски ги претстави инфраструктурните проекти што ги реализира македонската влада за развој на Коридорот 8 и 10 како и унапредувањето на поврзаноста со регионот и земјите од Европската унија.

„Македонија влезе во еден инвестициски циклус во патната и железничката инфраструктура. Моментално на Коридорот 10 активно се работи на автопатот Демир Капија –Смоквица. Во меѓувреме се работи на реконструкција на автопатската делница Велес - Скопје (Катланово), а за кратко вреке ќе започне да се реконструира и делницата од Смоквица до Гевгелија со што ќе се добие еден модерен автопат кој претставува транзитна врска од север кон југ и обратно“, истакна Мисајловски.

Во делот на патната инфраструктура на Коридорот 8, министерот Мисајловски ги претстави и проектите за изградба на автопатот Кичево – Охрид, како и плановите за изградба на автопатска деланица од Гостивар до Кичево.

„За нас многу значен проект е изградбата на новата пруга кон Бугарија и кон Албанија. Со изградбата на оваа пруга, Република Македонија ќе добие железничко поврзување кон исток и кон запад, важен сегмент за регионалното поврзување“, рече Мисајловски.

На министерскиот состанок покрај министрите за транспорт на Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, БиХ и Бугарија, присуствуваше и Комесарката за транспорт на Европската Комисија, Виолета Булц.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О