5 знаци кои откриваат дека не му е многу грижа за вас

Сте запознале дечко кој ви се допаѓа и веќе некое време се гледате. Тоа е супер, но вие се чувствувате како вашата врска да не оди никаде. Имате сомнежи во врска со него, не сте сигурни што мисли тој за вас и зошто така се однесува кон вас.



Прочитајте ги овие знаци за да дознаете дали не му е грижа за вас.

1. Нередовно јавување

Еден ден ви се јавува по 10 пати и ви праќа по 100 пораки, се гледате, супер ви е заедно, а веќе следниот ден воопшто не се јавува. Штом ќе се навикнете дека веќе го нема, тој повторно се појавува и така постојано во круг.

2. Брзи договори

Вашите средби не се планираат со денови или со часови однапред, туку еден час пред состанокот. Не, тоа не значи дека е спонтан, тоа значи дека сите останати договори му пропаднале.

3. Не му е страв

Да ве остава разочарани, не му е на листата на работи кои не би требало да ги прави. Всушност, тоа често случува, затоа што не му е страв дека ќе ве изгуби.

4. Постојано сте дома

Дали некогаш сте отишле на кафе во кафуле или на филм во кино? Секако дека не.

5. Обврска

Ако тој постојано има потреба да ви нагласува дека не е спремен за врска, значи дека не е спремен за врска со вас. Со други зборови, вие сте му занимација додека не ја најде „вистинската“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О