Реал бара неверојатни 90 мил. евра за Рамос

Реал Мадрид нема намера така лесно да се откаже од Серхио Рамос, а доколку дефанзивецот си замине од „Сантијаго Бернабеу“, „кралевите“ се решени во тој случај добро да заработат од неговата продажба.

Токму затоа првата понуда на Манчестер јунајтед во висина од 45 милиони евра била експресно одбиена од страна на „кралскиот клуб“, од каде била испратена и порака до англискиот гигант – Рамос чини 90 милиони евра.



Епитетот на најскап светски дефанзивец моментно му припаѓа на Давид Луиз, чиј трансфер од 49 милиони евра од Челси во ПСЖ сигурно ќе биде надминат доколку се остварат најавите за заминување на Рамос од Мадрид.

„Црвените ѓаволи“ веќе подготвуваат нова понуда во висина од околу 60 милиони евра, а најавуваат и дека тврдоглавоста на „кралевите“ во овие преговори би можела да го смени и нивниот став околу трансферот на Де Хеа во Реал.

Токму затоа, интересно ќе биде да се види дали овие два европски гиганти ќе се најдат на „половина пат“ и трансферот на Рамос на „Олд трафорд“ ќе биде договорен во текот на овој преоден рок.

Шпанскиот репрезентативец изјавил дека очекува целата ситуација да биде решена за најмногу две седмици за да може добро да се подготви со својот клуб за новата сезона, а не да се приклучува среде подготовки.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О