
Автомобилот веќе почна да добива пофалби, а влегува како конкуренција за елитната средна класа во која доминираат BMW 3, Audi A4, Mercedes C.
Италијанската компанија на промоцијата го претстави најсилниот модел Giulia Quadrifoglio, а новата „алфа“ доаѓа со агресивни детали на надворешноста како отворите за вентилација и спојлерите.

Alfa Romeo не објави фотографии од внатрешноста, но нагласуваат дека купувачите можат да очекуваат врвна комбинација на најквалитетна кожа, дрво и детали од јаглеродни влакна.

Најсилниот модел Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ќе има 3.0 литарски бензински турбо-мотор со 6 цилиндри кој развива 510 коњски сили, а е развиен во Ferrari. Забрзувањето од 0-100 е за 3,9 секунди, а силата се пренесува на задната оска иако купувачите ќе можат да изберат и погон на сите четири тркала.

Сепак сите детали за перформансите се уште не се откриени, но веќе се знае дека Giulia ќе има идеален баланс на тежината од 50:50 меѓу оските, како и каросериски детали кои се изработени од јаглеродни влакна. Компанијата нагласи и дека новиот седан ќе има најдобар управувачки систем од сите конкурентски автомобили на пазарот.