Тензија во Персискиот залив: Иранските сили отвориле оган и заземале странски брод, американски уништувач во состојба на готовност

Бродот не сакал да сопре, но по предупредувањето од иранските сили сепак застанал.

Иранската морнарица во текот на денешниот ден заземала еден товарен брод, кој пловел под знамето на Маршаловите Острови, на просторот на Персискиот залив, односно минувал низ Хормушкиот теснец.

Иранските сили најпрво истрелале неколку куршуми како предупредување, а потоа се качиле на бродот кој имал 24 членови на екипажот. Првите медиумски информации наведувале дека станува збор за американски брод, но од Пентагон тоа го демантирале. Иранските извори пренесуваат дека брод бил заземен на основа на "судски налог". Бродот не сакал да сопре, но по предупредувањето од иранските сили сепак застанал.



Товарниот брод, со име "Maersk Tigris" издал сигнал за паника, на што реагирале американски воени авиони и американскиот уништувач "USS Farragut". До поголема ескалација не дошло, а од Пентагон истакнуваат дека американските сили се во состојба на готовност и дека ја следат ситуацијата.

Исто така се наведува дека станува збор за иранска "провокација", иако поединечни ирански извори сугерираат дека овој инцидент нема никаква политичка ниту воена врска. Што точно се случувало ќе се дознае наскоро.

Првата информација, која ја пренела саудиската новинска организација Al-Arabiya, дека бил заземен американски брод со 34 Американци звучела многу вознемирувачки, но за среќа, се воспоставило дека тоа не е вистина.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О