Имал што да чуе: Пред да заспие на операционата маса го уклучил мобилниот да снима што се случува

Сосема случајно го уклучил мобилниот телефон да снима, а потоа потонал во длабок сон. Следел преглед на цревата во една од локалните ординации, а кога се разбудил имал што да слушне.

Кога пристигнал во ординацијата каде што го чекал преглед колоноскопија, овој човек од Вирџинија не ни сонувал што се` ќе се случи кога ќе почне да делува анестезијата.

Мобилниот телефон го уклучил за да ги сними советите од докторот за терапијата која треба да ја зема после прегледот. Но, заборавил да притисне СТОП, а неговиот мобилен телефон снимил се` што се случувало кога тој бил под дејство на анестезија, пишува Washington post.

Кога се вратил дома, после прегледот, почнал да ја преслушува снимката и набрзо сфатил какви ужаси се случувале додека спиел

„После само пет минути разговор со тебе пред операцијата ми дојде да те удрам в лице“, рекла докторката само неколку моменти откако анестезијата почнала да делува.


Докторката го предупредила асистентот да внимава на осипот кој го имал човекот, за да не се зарази. „Може да добиеш сифилис на раката“, му рекла докторката на асистентот и додала дека човекот можеби боледува од ебола или туберколоза на пенисот. Сите се смееле.

Еден асистент пациентот го нарекол ретардиран, а потоа следеле шпекулации за неговата сексуална ориентација. Погодувале дали можеби човекот е геј, а докторката рекла дека познава хомосексуалци кои „имаат повеќе во гаќите“ од овој пациент.



Членовите од ординацијата го исмевале пациентот поради неговата лековерност и големото верување во советите кои ги даваат докторите на интернет.

Откако човекот одлучил да ја објави снимката, докторката добила отказ и повеќе не работи во таа ординација.

Овој човек по судски пат побарал исправка на овој нехуман третман кон него. Го добил спорот, како и 500.000 долари оштета. „Ова е преседан. Никогаш не сум се сретнал со сличен случај“, рекол адвокатот кој го застапувал пациентот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О