Плус сајз јога инструкорка на Инстаграм покажува како се вежба

Џесмин Стенли има 27 години и над 85.000 фанови на Инстаграм кои постојано ја поддржуваат и се воодушевуваат на она што таа го изведува.


Со фотографиите кои ги објавува и она што го пишува на блогот ги инспирира сите и им дава самодоверба.

Таа вели дека е важно како некој се чувствува, а не како изгледа. Секојдневно покажува како вежба, а тоа го практикува уште од нејзината 16-годишна возраст.

Нејзината цел е да ги урне стереотипите и да им покаже на сите дека без разлика на тежината секој може да вежба и да ужива во јогата и на тој начин да има повеќе самодоверба.

Покажува неверојатна флексибилност што може да се види и од видеата кои ги објавува. Изгледа смирено и релаксирано, како воопшто да нема никаков проблем при изведување на вежбите, колку и да е потребен труд.

На овој начин таа ги поттикнува сите останати и ментално и емотивно да ја следат и да го применуваат истото.

Таа смета дека целта на јогата не е дали и како вашето тело може да ги изведе вежбите, туку да допрете до себе и да се почувствувате.

Вака изгледаат повеќето од нејзините пози:






ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О