Иако креаторите на сите апликации тврдат дека тие се крајно безбедни, многу е тешко да се одбере онаа на која во целост ќе и` веруваме.
Според најновото истражување на американската меѓународна непрофитна организација посветена на одбраната на дигитални права, Electronic Frontier Foundation (EFF), апликацијата WhatsApp се наоѓа во категоријата на најлоши компании за заштита на правата и личните податоци на интернет.
Ова е прв пат WhatsApp да е вклучена во истражување, а тоа веднаш покажало дека познатата апликација е прилично несигурна. Од можни пет ѕвезди, WhatsApp добила само една.
Од друга страна, најсигурни се Apple и Dropbox, кои добиле пет ѕвезди, додека Google, SnapChat, Tumblr и Microsoft добиле само три.
Овие резултати се крајно загрижувачки, а на удар не се само корисниците на мобилни телефони. На пример, Yahoo Messenger за десктоп компјутери не користи никаква енкрипција, додека многу други алатки за чет исто така поминале многу лошо кога станува збор за безбедноста.
» Ги следи најдобрите практики во индустријата
» Им кажува на корисниците за барањата на властите за нивните податоци
» Ги открива податоците за задржување на податоци
» Ги открива барањата на властите за отстранување на содржини
» Ја поддржува транспарентноста и се противи на „влез на задна врата“