Започна лидерската средба, активисти од Беса протестираат

Започна лидерската средба на четворицата лидери- Никола Груевски, премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, опозицискиот лидер на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ Али Ахмети и првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, со присуство на двајцата амбасадори од САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.


Додека трае средбата, пред Клубот на пратениците активисти од Беса протестираат, затоа што, како што велат, се "незадоволни од фактот што Ахмети и Тачи се седнати на преговарачката маса како претставници на Албанци."

Според нив, двајцата албански лидери не се достојни да ги претставуаат Алб, затоа што покажале дека работат за личен интерес, а не за доброто на Албанците.

Активистите велат дека гласот на Ахмети и Тачи на лидерската средба не се смее да се смета како глас на сите Албанци.

Нема информации колку ќе трае средбата.

Еврокомесарот Јоханес Хан иако најави дека нема да присуствува на лидерската средба, од Брисел излезе со порака дека очекува резултати:

„Се надевам на подобрување и се надевам на први конкретни резултати. Ако добро разбрав од извештаите, сите се решени да направат сериозен напредок и тоа е во интерес на сите нас“, изјави еврокомесарот Хан.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во својот говор вчера пред Унијата на млади сили на партијата обвини дека СДСМ работеле во насока на пропаст на договорот од 2 јуни.

- Ќе чекаме уште едни избори, тоа ќе биде патот кон зрела Македонија. Не е во прашање Заев или Груевски, туку валкана игра која ја создава СДСМ и така со интриги, а не со работа, да ја освојат власта. Тие ќе направат се за да пропадне договорот од 2 јуни, рече Груевски и посочи дека тој и неговите сопартијци ќе продолжеле да работат по препораките од ЕУ.

- Тој (Заев) ќе бара и нелогични избори, а всушност бара спас иако знае дека ќе замине од политиката поразен. Истото ги чека и тие што се врткаат околу него. Но, Македонија ќе продолжи да се бори за подобар стандард, подобри меѓуетнички односи, борба против криминалот и корупцијата и подобра иднина, изјави Груевски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О