Пред неколку дена завршило 11 натпреварување по ред во изработка на венчаници од тоалетна хартија, а креациите кои ги направиле и дизајнирале самите идни невести се толку импресивни, што никогаш не би помислиле дека се направени од тоалетна хартија.
Правилата се следни:
1. Мора да користите тоалетна хартија.
2. Може да користите било кој вид на ленти и/или било која врст на лепило.
3. Може да користите игла и конец, доколку сакате.
4. Фустанот мора да биде нослив, што подразбира облекување и соблекување.
Првата награда на ова натпреварување е дури 10.000 долари, а оваа година ја освоила Дона Винцлер. Како дел од првата награда, креацијата на Дона ќе биде претворена во вистински фустан.
Второто место и награда од 5.000 евра го освоила Мимоза Хаска.
Третото место и награда од 2.500 долари и` припаднале на Керол Тачсон