Тие се путинисти: Кои се најголемите сојузници на рускиот претседател во ЕУ?

Рускиот лидер собира европски "путинисти", за да обезбеди укинување на санкциите, тврди влијателната американска веб страна "Politico" во своето европско издание.

Матео Ренци, италијанскиот премиер, сака и со "едните и со другите". Прво присуствувал на самитот G7, на кој во центарот на вниманието било проширувањето на санкциите за Русија, доколку таа земја не ги исполни обврските преземени со потпишувањето на договорот од Минск. Само неколку дена подоцна, Ренци му бил домаќин на Путин во Милано, и зборувал за "традиционалното руско-италијанско пријателство".

Алудирајќи на евентуалното укинување на санкциите на ЕУ за Русија, Путин понудил "возвраќање и ширење на соработката". Politico пишува дека нема да мора долго да чекаме за да дознаеме дали реториката на Путин ќе биде делотворна.



Актуелните санкции, кои ЕУ ѝ ги наметнува на Русија, истекуваат кон крајот на јули. За нивно продолжување или зголемување на притисокот, неопходна е едногласна одлука од сите 28 земји членки.

И без Италија, постојат низа слаби врски. Една од нив е Грција, чиј премиер Алексис Ципрас телефонски опширно се консултирал со Путин, пред обраќањето пред парламентот на петти јуни, кога остро го критикувал диктатот на европската Тројка.

Руски "Gazprom" неодамна постигнал договор со Турција за изградба на "Турскиот тек", новиот гасовод до Европа, а Москва се обидува да ги придобие грчките лидери да се вклучат во проектот. Според зборовите на Путин, оваа работа на Грција би ѝ обезбедила "стотина милиони евра годишно".



Договорот веројатно би вклучил и уплата на голем аванс, кој, барем донекаде, би ја поправил жалната состојба на грчките јавни финансии.

Понатаму, на север, Путин би можел да се надева на поддршката од две централноевропски држави, кои се доведени во искушение од руските пари: Унгарија и Словачка.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, минатата година рекол дека санкциите до Русија се исто како "да си пукаш самиот во нога".

Во екот на украинската криза, Орбан бил подготвен, без распишување на тендер, да потпише таен нуклеарен договор вреден 12 милијарди евра со руската државна корпорација "Rosatom", кој подоцна го сторнирала Управата на ЕУ за нуклеарна енергија.



Роберт Фицо, премиерот на Словачка, кој претходно ги опишувал санкциите како бесмислени, неодамна два пати ја посетил Москва во рок од еден месец. Тој ги споредил санкциите за Русија со американското ембарго на Куба и истакнал дека обемот на трговија меѓу Словачка и Русија во првиот квартал од 2015. година опаднал за 40 проценти, и дека "не постои никаква причина" тој број да не продолжи да се влошува.

Ниедна од овие две мали посткомунистичи држави нема да биде осамена во настојувањето да го блокира проширувањето на санкциите. До сега Словачка и Унгарија - исто како и Ренци - сакаат да играат и "со едните и со другите", давајќи млака поддршка до ЕУ за санкциите, иако дома и во Москва, жалат за истите.

Ситуацијата е чувствителна и може да се влоши. Сите се согласуваат дека критичната маса од членки на ЕУ, вклучувајќи ги и релативно големите и влијателни земји, се противат на санкциите, што може да ја помести рамнотежата во корист на европските "путинисти".

Според Politico, укинувањето на санкциите по само една година, би било јасен знак за Путин дека агресијата се исплати. Тоа би значело дополнителни проблеми за Украина - и веројатно останатите држави во соседството, вклучувајќи ја и Молдавија и балтичките земји.

"Мораме да размислиме за ставање на членови на руската власт на списокот за забрана за издавање на визи, и да им отежнеме на руските олигарси да перат пари во западна Европа", оценува веб страната.

Имајќи ја во предвид колоната на Путин во ЕУ, тешко дека би можело да дојде до таква расправа наскоро. Одлуката за тоа да се прошират санкциите или не, ќе биде клучен тест за европската решителност да стане гарант за општата безбедност. Неуспешен обид на ЕУ да реагира на руската агресија, не би значело само победа за Путин, туку би ги осуетило амбициите на континентот да изгради функционална политичка унија, пишува Politico.eu.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О