Анкета: Најголемиот дел од граѓаните веруваат дека „бомбите“ се вистинити и дека снимала УБК

Граѓаните се помалку веруваат во тврдењето дека снимките од опозициските „бомби“ се, како што вели власта, креирани, сечени, лепени и прелепувани, а се повеќе се зголемува доверата во антивладиниот наратив, односно најголемиот дел од граѓаните сметаат дека снимките се автентични, покажуваат податоците од анкетата спроведена од Македонскиот центар за европско образование.


Според резултатите од истражувањето, 96,6% од испитаниците слушнале за аферата „Прислушување“ а дури 88,2% слушнале некоја од снимките.

52,1% од испитаниците сметаат дека содржината во снимките е вистинита, додека 19,3% сметаат дека содржината е монтирана, сечена и прелепувана.

41,1% од испитаниците сметаат дека снимките се направени од македонската тајна полиција, а 23,2% дека тие се направени од странски служби.

52,3% сметаат дека при решавање на политичката криза најважна е содржината на разговорите, а 21,7% сметаат дека најважно е кој ги создал снимките.

62,1% од испитаниците сметаат дека Европската Унија треба да игра сериозна улога во разрешување на моменталната политичка и институционална криза во Македонија.

Повеќе информации погледнете на инфографикот во продолжение. За поголеми димензии кликнете на фотографијата:


Анкетата е спроведена во период од 4-ти мај до 13-ти јуни, по пат на телефонски асистирани интервјуа врз национален репрезентативен примерок од 1.201 испитаници на возраст од 18+ години. Примерокот е случаен, стратификуван примерок на сите жители на РМ кои се корисници на телефон.

Подетални информации за резултатите од истражувањето во продолжение:
85489493432
89544390324
785489439032432
785490340-3432
89490342332
89549034-34232
78549043904332
89549034903423
98549043904323
7980989
89098438934932
854904390433

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О