Три месеци собирал материјал за бомба: Студент планирал терористички напад во Њујорк!

Американскиот државјанин бил уапсен поради планирање на терористички напад во Њујорк. ФБИ го уапсила 20-годишниот Мунтер Омар Салех од Квинс, по три месечно следење.

ФБИ го товари Салех за поврзаност со терористите од Исламската држава, од кои наводно добивал пари со кои купувал материјали за правење на експлозивни направи, кои планирал да ги детонира во Њујорк.


Салех ѝ го привлекол вниманието на полицијата откако неколку дена по ред го обиколувал мостот "Џорџ Вашингтон", кој го поврзува Њујорк со Њу Џерси, гледајќи ја конструкцијата.


По апсењето, полицијата го претресла неговиот стан во кој нашла пропаганден материјал за Исламската држава, како и планови за правење на бомба.

Со преглед на компјутерот на осомничениот, било откриено дека Салех активно ги посетувал профилите на ИСИС на социјалната мрежа Твитер, и дека пишувал навредливи коментари на сметка на убиените карикатуристи од "Charlie Hebdo".

Мунтер Омар Салех е студент по аеронаутика и технологија на колеџот "Вон" во Квинс во Њујорк.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О