Моделот Каруче Тран и поранешна девојка на проблематичниот пејач Крис Браун, се појавила на плажа во Мајами каде што го покажала своето совршено тело.
Додека носела едноделен костим за капење кој ја истакнал нејзината соврена фигура, Каруче привлекла многу погледи врз себе...
Позната како девојка на Крис Браун, оваа убавица одлучила да го напушти проблематичниот пејач кога дознала дека тој има едногодишно дете со пријателката Нија Гузман Амеј.
Таа на социјалните мрежи објави дека Браун не бил искрен со неа и поради тоа не може да ја продолжи врската со него.
Исто така, Каруче откри дека популарниот пејач бил доста насилен затоа што не сакал да ја изгуби (за потсетување, пред неколку години изби голем скандал кога Крис Браун ја претепа неговата тогашна девојка, пејачката Ријана).
„Знаеш ли што е мизерно? Тоа што со сила влезе во мојот автомобил, ми го искрши прозорецот, а претходно ме опсипуваше со подароци“, напиша Каруче на социјалните мрежи.
Неколку дена пред тоа, оваа убавица побарала помош од полиција затоа што Крис ја следел од една забава каде што случајно се сретнале и тврдела дека ѝ викал пред нејзината куќа.
Браун на сето ова ѝ одговорил многу едноставно: „Ти посакувам среќа во животот. Само се обидував да се борам за жената која ја сакам. Фала ти на се`, многу научив“.