Малолетничка од Полска се фрлила под воз - ја силувал маж кој го запознала на Фејсбук!

14-годишната Анеид Тутгушијан од Полска, се самоубила скокајќи пред воз, еден ден откако била силувана. Девојката запознала еден маж на Фејсбук, каде тврдела дека има 25 години. Кога почнале да разговараат таа му кажала дека има 17 години, но тоа не му пречело на 40-годишниот Кристијан В.

Анеид набрзо се состанала со Кристијан, но тогаш се вратила дома плачејќи. Следниот ден девојчето заминало на железничката станица во Гдањск. Тогаш шокираните патници ја гледале 20 минути како седи и плаче, по што станала, ја соблекла јакната и скокнала пред експресниот воз кој одел до Виена.


"Мислев дека се скарала со момчето. Видов дека има солзи во очите. Ја прашав што се случило, но не ми кажа ништо, само почна да плаче и ме прегрна. Сакав да поразговараме, но таа сакаше да излезе. Рече дека ќе зборуваме кога ќе се врати. Но таа никогаш не се врати", изјавила мајката на Анеид, Џоана, за локалните медиуми.

Одлучна да дознае зошто нејзината ќерка се самоубила, Џоана го отворила нејзиниот Фејсбук профил, каде ги пронашла разговорите со Кристијан. Тогаш дознала дека тој разговара и со други млади девојки. За време на погребот на Анеид, Џоана од нејзините пријателки слушнала дека ќерка ѝ била силувана, пишува Mirror.


Кога го дознала ова, Џоана контактирала и други девојки со кои Кристијан разговарал. Од 14 девојки со кои зборувала, три рекле дека Кристијан ги силувал, четири дека се обидел, а останатите рекле дека се обидел да ги уцени.

Сите девојки рекле дека Кристијан ги заведувал на ист начин, нудејќи им забава во луксузни клубови, скапи автомобили и јахти. Полицијата ги истражува случаите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О