Ништо помалку не ни очекувавме: Екстравагантната роденденска забава на малата Норт Вест

Ќерката на најпопуларната старлета Ким Кардашијан и раперот Канје Вест го прослави својот втор роденден, а гордите родители на својата "маза" ѝ приредија забава за паметење.

Популарниот пар ја организираше роденденската забава во калифорнискиот Дизниленд, а покрај семејството се собраа и бројни нивни пријатели

Норт Вест која изгледа апсолутно неодоливо како мала Мини Маус, очигледно уживала во возењето на рингишпилот, но и во останатите детски активности во популарниот луна парк.









Ким инсистирала да се закупи целиот забавен парк така што во него уживаа само роденденските гости.

И додека атрактивната старлета била поприлично опуштена околу Норт и ѝ дозволувала сама да се забавува, нејзината постара сестра Кортни била малку построга и инсистирала нејзината ќерка, иако година дена постара од Норт, да се вози исклучиво во придружба на повозрасно лице.



Кендал Џенер исто така се појавила на роденденот, но не сакала да носи било какви Дизни аксесоари.







Малку подоцна кон славењето се приклучиле и Кајли и нејзиното момче Тајга, кој со себе го повел и својот двегодишен син Кинг Каирo.







Ким исто така на својот Instagram профил сподели фотографии од крштевката на својата ќерка. Иако ја крштеваше пред два месеци, најпопуларната ријалити ѕвезда одлучи дури сега да објави фотографија и така да ги израдува и своите обожаватели.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О