26-годишниот Ашер Кониф од Њујорк, пред еден месец освоил огромна сума на пари, учествувајќи na покер турнир на кој се пријавил по грешка.
Тој требало да учествува на друг турнир, но по грешка се пријавил на тој кој се поклопил со планираното семејно патување низ Европа. Кога дознал дека не може да ги повлече парите кои ги вложил за пријавата, се откажал од патувањето и отишол на турнирот, што подоцна се покажало како вистинска одлука.
Освојувањето на турнирот му обезбедило покана за светското првенство во покер - на кое исто така победил!
Сè на сè, Кониф од турнирите си заминал со повеќе од 973.000 долари.