Што правел на денот на нападот: Крвникот од Тунис го обожувал Реал Мадрид и играл брејк-денс

"Беше со мене, седевме во дворот и сè беше сосема нормално. Немавме поим што планира", рекол неговиот вујко.

23-годишниот Сеифедин Резгуи, напаѓачот кој во дивјачкиот убиствен поход во туниското летувалиште Сус убил 39 лица пред да го застрела полицијата, живеел како секое младо момче, велат неговите соседи и пријатели.

Едно видео кое се појавило на ЈуТјуб, снимено пред околу пет години, го прикажува Резгуи како љубител на брејк-денсот.



Само неколку часа пред да тргне во убиствениот поход, Резгуи бил дома и разговарал со својот вујко за животот и студиите.

"Беше со мене, седевме во дворот и сè беше сосема нормално. Немавме поим што планирал", рекол неговиот вујко, 71-годишниот Али Бин Мухамад Резгуи, пренесуваMirror.


Тој за него рекол и дека бил слатко момче кое порано се занимавало со брејк-денс и обожувало фудбал. На неговата Фејсбук страна, имал неколку објави за Реал Мадрид и за фудбалската репрезентација на Тунис.

Соседите го опишале како мирно и добро момче, но претпоставуваат дека можеби сиромаштијата го навела да се одлучи на страшниот чин.


Таткото на Резгуи бил приведен од полицијата на испрашување.

Министерството за внатрешни работи на Тунис, го немало Резгуи во својата евиденција, а само еднаш бил сопрен поради пушење на марихуана.


Сепак, медиумите пренеле информација од неименуван извор од Министерството, дека Резгуи бил активен член на радикалната група "Исламска младина".

Резгуи студирал воздухопловство на локалниот универзитет и живеел заедно со уште четири момчиња кои исто така биле студенти.

Моменти пред масакрот бил снимен на плажа - Sky News вчера објавил ексклузивни снимки од убиецот како оди по плажата со калашников во рака, неколку минути пред да го започне крвавиот поход.

Сеифедин Резгуи, еден од напаѓачите кои убиле 39 туристи на плажата во Сус, бил снимен како мирно оди покрај водата, додека го гледаат преплашени луѓе.

Неколку минути подоцна отворил оган на туристите.

"Беше многу мирен, а потоа почна да пука и на самото место уби една жена", рекол дописникот на Sky News.

Резгуи потоа продолжил да пука по луѓето на плажата и хотелот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О