Откако ја прослави титулата на Олимпијакос, Перо Антиќ вечерва го направи истото и со уште еден негов поранешен клуб, Црвена Звезда. Македонскиот кошаркар беше на трибините од каде гледаше како црвено-белите ја уриваат доминацијата на Партизан и по 17 години го превземаат кошаркарскиот трон во Србија.
На полувремето Антиќ беше запрашан дали постои можност повторно да го облече дресот на Црвена Звезда, Македонецот одговори позитивно.
„Секогаш постои можност и се е отворено. Мој агент е Миодраг Ражњатовиќ, се оставам на него, во него имам потполна доверба бидејќи тој е најзаслужен за мојата богата кариера" - изјави Антиќ.
„Звезда направи фантастичен тим, од тренер до последниот играч, се е вклопено како што треба и фунцкионира одлично".
Антиќ не пропушти да ги пофали и навивачите на Звезда.
„Само Звезда и Олимпијакос имаат вакви навивачи, ова мора да се доживее".