Колумбиската легенда „удри" по Нејмар: Неговото место е во Холивуд

Јужноамериканските медиуми го осудија Нејмар и тврдат дека Бразилецот претерал со „агресивното однесување“ на дуелот од 2. коло од Копа Америка на Бразил против Колумбија.

Откако беше досуден крај, Нејмар ја шутна топката во Пабло Армеро кој веднаш падна на тревникот. Муриљо прв стигна до Нејмар барајќи објаснување за неспортскиот потег, меѓутоа на ѕвездата на Барселона очигледно не му беше до расправии. Со глава го турна Муриљо, а веднаш потоа дотрча Бака кој силно го турна Бразилецот.


Конечниот исход на „инцидентот“ беше два црвени картони, по еден за Нејмар и Карлос Бака.

Многумина го осудија однесувањето на бразилскиот напаѓач Нејмар, а посебно остар беше пензионираниот колумбиски фудбалер и тамошна легенда - Фаустино Асприља кој веднаш по натпреварот изјави:

„Нејмар е фудбалска измама. Неговото место е во Холивуд“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О