Сите ученици ги обожаваат часовите на овој професор. Но, дома го чека нешто неверојатно тажно

Џефи Рајт е професор во едно средно училиште чии часови сите ги сакаат. Тој знае да им посвети целосно внимание на учениците за да им ги разјасни сите проблеми и задачи.



Има неизмерно трпение и волја за да одвои посебно време за нив, да изведува експерименти, да разговара со нив како неговиот живот да е совршен.

Всушност, тој има сосема поинаков живот и нова мисија кога ќе се врати дома.

Неговиот син е дете со посебни потреби кое не може да зборува и не може да се движи. Приказната за професорот е снимена како документарен филм од страна на еден негов ученик со цел да се пренесе и открие од каде е целата негова енергија и љубов за светот.

Кога дознал дека неговиот син нема никогаш да влезе трчајќи и викајќи од надвор, за момент целиот свет и живот му загубиле смисла.

Но, кога се помирил со тоа дека мора да научи да живее со тоа и кога ги забележувал реакциите на неговиот син, сфатил дека тој живее во својот внатрешен свет и дека само преку знаковен јазик може да ги изразува емоциите и мислите.



Во моментот кога успеал да покаже: „Тато, те сакам“, бил најубавиот и најсреќниот ден за Џефри.

Оттогаш сфатил дека има нешто поголемо од енергијата, тоа големо нешто е љубовта која решил да ја пренесува на сите.

„Кога се посветувате на науката како физиката сè се сведува на закони и на тоа како функционира светот. Но, ако не ги примените овие закони во нешто многу поголемо, во вашето срце, ќе ви се јави прашањето: Кому му е грижа за сето тоа?

Во целиот Универзум имаме толку многу ѕвезди и ќе се прашате: Кому му е грижа? Па, некој се грижи. Некој се грижи за вас многу. Сè додека се грижиме еден за друг имаме цел зошто сме овде“.

Погледнете го краткиот документарен филм кој ќе ве инспирира и ќе ви ја открие приказната на професорот кој сите го сакаат:


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О