Чиле, Уругвај, Боливија, Перу, Аргентина, Колумбија, Бразил и Парагвај се борат за трофејот на 44-тото издание на Копа Америка во Чиле.
Јужноамериканските навивачи се познати по својата голема страст кон фудбалот, а навивачките започнуваат да се соблекуваат уште кога ќе дојдат на 200 метри од стадионот!
Така и 19-годишната студентка по туристички менаџмент Маите Флорес, стана сосема достојна наследничка на Ларисе Рикелме, на која што мобилниот телефон на Светското Првенство во Јужна Арика случајно ѝ падна помеѓу градите – и остана таму цели два часа!
Маите е навивачка од Боливија од покраината Санта Круз де ла Сиера, навива за клубот Ориенте Петролеро и секако, за Боливија која што во четвртфиналето игра против Перу.
Ако победат, во полуфиналето ја очекува подобриот од средбата помеѓу Чиле и Уругвај.