Седум работи што вашиот шеф секогаш ги забележува кај вас

Без разлика на тоа во која област работите – здравство, новинарство, образование, дизајн или слично, секојдневно минувате низ евалуација. Не станува збор единствено за работата, вашиот шеф забележува поширок спектар на работи поврзани со вас.



Без лутење, сепак тоа е неговата работа, да ги држи работниците под око.

На што најмногу обрнува внимание?

1. Колку рано пристигнувате на работа

Секој работодавач сака работникот да пристигне неколку минути на работи за да се подготви. Во колку часот започнува вашиот работен ден? Ако секој ден доцните по 15 до 30 минути тоа воопшто нема да ви оди во прилог. Никој не сака да доцните, ниту вашиот шеф, ниту пак колегите.

2. Колку доцна си заминувате

Повторно тоа работно време, правилото е исто како и за првата сугестија. Ако не треба да доаѓате доцна на работа значи не треба ниту порано да си заминувате. Иако мислите дека тоа никој не го забележува, се лажете. Доколку ви се случи да имате итна обврска или слично известете го претходно шефот, тоа секогаш ќе го почитува кај вас.



3. Начинот на кој се облекувате

Како се претставувате себеси секогаш ќе биде важно на работа. Во зависност од типот на работно место не го заборавајте кодексот на облекување. Ако политиката на фирмата во која работите налага да носите деловен стил, почитувајте го тоа. Од друга страна, некои фирми не обрнуваат внимание на кодексот на облекување и стилот е слободен. Но, тоа не значи дека сте на модна писта на која треба да ги покажете сите ваши модни комбинации. Како предлог, можете да се облекувате релативно слично како вашите колеги.

4. Како ја употребувате технологијата

Дали работите или постојано „висите“ на телефон, објаснувајќи се со домашните или договарајќи кафе со пријателите? Дали сте од оние луѓе кои си читаат на Facebook наместо да ги извршуваат навреме обврските? Службениот телефон има намена за вршење деловни повици, а доколку работата ви е поврзана со интернет тоа никако не значи дека треба да ги следите сите активности на вашите пријатели додека сте на работа.



5. Зборови што ги користите

Пред шефот дефинитивно не треба да користите зборови со кои ќе му се обраќате како на некој што го знаете со години. Со колегите исто така треба да одржувате умерена комуникација, никако употреба на навредливи зборови или невкусни шеги. Немојте да мислите дека шефот нема да дознае за караница со некоја колешка, озборување или слична непријатна ситуација.

6. Дали се вклопувате во тимот?

И оваа тема е поврзана со претходната. Дали се согласувате со колегите? Дали се вклопувате или сте оној „чудниот“ на работа? Ако сте нов ќе треба малку време да се вклопите, а не е лошо и да се дружите со колегите по работа. Вашиот шеф сака да види дали сте добар играч во неговиот тим, а тоа подразбира дека треба да бидете тимски играч и да сте снаодливи во секакви ситуации.



7. Како управувате со вашето време?

На крај, дали добро управувате со вашето време? Дали работите ги извршувате ефикасно и навремено? Многу е важно да обрнувате внимание на дадените рокови и слично, бидејќи покрај сè, вие сте таму за да работите.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О