Сите ние, многу често, подготвуваме јадења за повеќе денови, па дополнително ги подгреваме. Меѓутоа, некои намирници тогаш го менуваат својот состав и ги губат своите хранливи својства, а дури стануваат и токсични. Еве за која храна се работи:
Печурки
Печурките најдобро е да се јадат веднаш после подготовката, а ако ви останат за друг ден, подобро е да ги јадете ладни. Тоа важи и за супите, чорбите и рижото кои се подготвуваат со печурки. При подгревањето на печурки доаѓа до промена на составот на протеини, па дури и до промена на вкусот на самата храна. Тие тогаш може да предизвикаат разни дигестивни проблеми, а ги губат и своите здравствени предности.
Пилешко месо
Исто како и кај печурките, кај подргревањето на месо доаѓа до промена во составот на протеините. Поради тоа не се советува подгревање на високи температури, особено на пилешкото месо кое содржи повеќе протеини од црвеното месо. Ако тоа сепак го правите, подобро ставете го на пониска температура и подолго време подгревајте го.Компир
Компирот е многу хранлив намирник кој никако не треба да се подгрева затоа што така ги губи повеќето својства, а дури станува и токсичен. Јадете го веднаш после подготовката или дури ладен – тогаш во него е најголемиот процент на отпорен скроб заслужен за долготрајно чувство на ситост. Ако подготвувате храна за повеќе денови, компирот одвојте го, па дополнително згответе го.Спанаќ
Спанаќот е храна со висок процент на нитрати, кои со повторно подгревање преоѓаат во нитрити. Тие се потенцијално канцерогени за човечкиот организам, затоа се советува спанаќот да се јаде исклучиво свеж, односно веднаш после подготовката.Репка
Како и спанаќот, репката исто така содржи нитрати кои со подгревање стануваат исклучително штетни. Тоа не значи дека другиот ден не може да ја јадете оваа храна, само што не треба да ја подгревате.
Целер
Целерот, кој најчесто се користи за супи, задолжително треба да се извади после готвењето, заедно со морковот, и да се јаде свежо подготвен. Тој исто така содржи нитрати. Супата може да ја подгреете ако сте ги извадиле целерот и морковот.
