Тие живееја диво, со алкохол, дрога, многу жени и многу забави. A потоа станаа татковци...

Велат дека секоја личност ја доживува најголемата промена во животот во оној момент кога ќе стане родител. Тоа неминовно им се случува и на мајките и на татковците.


Ниту познатите личности не се исклучок, па така многумина буквално преку ноќ се одрекоа од пороците, згодните девојки, ноќните клубови и излежувањето на луксузните јахти.

Нив токму татковството ги промени за 180 степени.

Канје Вест

Популарниот рап пејач во едно недамнешно интервју потенцираше дека станал и поприлично "досаден", како целиот живот да му е сведен на обврските кои се во врска со Норт Вест. Од како му се роди ќерка, Канје стана многу посмирен, но и поодговорен.

- Речиси воопшто и да не излегувам. Ја водам Норт на балет, одам во теретана и во студио. Тоа е всушност и генералната слика за мојот живот сега, изјавил Канје.

Колин Фарел


Овој холивудски заводник некогаш буквално не излегуваше од популарните клубови и изгледаше како да не ја пропушта ниту една "важна" забава, додека во едната рака постојано држеше цигара, а во другата пиво или некој друг жесток пијалок.

Денес тој е горд татко кој ужива да го минува времето со своите синови.

Сајмон Ковел


Пред да му се роди синот Ерик (пред 15 месеци) речиси и да немаше жолт печат во кој не се наоѓаше барем една папарацо фотографија од Сајмон како ужива на својата јахта и флертува со некоја згодна девојка.

Иако беше познат по својот остар јазик, но и репутацијата на заводник, Сајмон потполно се промени и му се посвети на мирниот и семеен живот.

Мајк Тајсон

Прочуениот боксер во тешка категорија познат по својот краток фитил и непримерното однесување, денес сè почесто заминува на патувања со своите деца, а вели дека повеќе му годи нивното друштво, отколку времето минато во клубови.

Поради проблемите со коцкањето и алкохолот во 2006-тата година тој прогласи и личен банкрот, но во 2010-тата година тој за "The view" изјави дека никогаш не бил посреќен.

- Имам одличен живот, всушност никогаш не ми било подобро. Имам прекрасна жена која ме сака и прекрасни деца. Овој банкрот не е несреќа, туку најдоброто нешто кое што некогаш ми се случило, изјавил тој.

Џеј Зи


Некогаш пишуваше песни за криминал, тешкиот уличен живот и продажбата на дрога, а денес пишува за својата тригодишна принцеза.

Овој 45-годишен музички продуцент во едно интервју објасни дека има голема потреба да биде татко за пример бидејќи тој како мал немал прилика да расте покрај таков татко.

- За мене единствен благослов и апсолутно совршенство е насмевката на моите девојки. Кога би исчезнала на само три минути, би настанал пекол, изјавил Џеј Зи.

Дејв Грол


Фронтменот на "Foo Fighters" живеел во рокенрол стил уште откако знае за себе. Својот панк бенд го основал со 17 години, кога го напуштил и училиштето поради музиката.

После смртта на Курт Кобејн во 1994-тата година тој ја основаше "Foo Fighters" и се посвети на борбата против злоупотребата на дрога.

Во 2003-тата година се ожени со Џордан Блам, а денес со неа има три ќерки: Вајолет (9), Харпер (6) и Офелија (10 месеци) и вели дека неговиот живот воопшто не е каков што бил порано, туку дека му е неспоредливо поисполнет.

Роби Вилијамс


Тој никогаш не го криел својот авантуристички дух и склоноста кон дрогата, поради што и повеќе пати беше на рехабилитација. Откако го напушти бендот "Take That" им се препушти на деноноќните забави и раскалашениот живот. А потоа се појави и таа.

Со актерката Аида Филд е од 2010-тата година а денес имаат и ќерка и син.

- Децата дефинитивно многу ве менуваат. Некогаш мојот живот се вртеше околу сексот, дрогата и рокенролот. И беше многу забавно. Но денес е подобро од било кога, објаснува Роби со насмевка на своите усни.

Џони Деп


Овој актер сè уште има милиони обожаватели и девојки ширум светот кои што се смртно заљубени во него. Иако некогаш важеше за огромен заводник, денес е посветен татко за пример.

- Ги обожувам своите деца и секојдневно учам од нив. Навистина сум горд на тоа во какви луѓе израснуваат тие, потенцира Џони.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О