Балканот во шок: Клиниките се полнат со мажи на кои им растат гради

Еден човек од Загреб морал да замине на операција бидејќи му пораснале гради како да е жена, а не е само тој со овој проблем.

– Многу долго не знаев за што станува збор. Додека одев во теретана и ја добивав мускулната маса, тоа не се гледаше толку, но кога престанав сè се врати по старо. Почнав да истражувам што ми се случува, раскажал човекот од Загреб.

Гинекомастија, појава на женски гради кај мажите, претставува голем стрес и срам, па мажите сакаат да ги задржат за себе. Поради тоа се повлекуваат во себе и не им приоѓаат на жените, а кога ќе одлучат да дојдат на лекар, често плачат, вели еден хирург од Загреб, пренесува Сител.мк.


– Машките гради личат на женските поради бујната млечна жлезда проследени со дисбалансен хормон андроген и естроген, како и поради тумор, цироза на јетра, уролошки проблеми и слично, вели докторот.

Луѓето од Загреб кои го имаат овој проблем бараат совет на Интернет.

– Откако го имам тој проблем, многу сум исфрустриран. Не знам во која фаза е, но исто така и не знам како да се справам со тоа, вели едно момче.

– Со години се обидувам да си ги средам градиве, но не оди. Машко сум, нормално. Вежбам, и тие изгледаат како да сум девојче од 15 години, напишал друг човек.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О