Роби Вилијамс: Загреб добро вечер!

Познатиот пејач Роби Вилијамс синоќа одржал двочасовен концерт во Белград, кој поминал одлично, освен еден 'за Београѓани' неопростлив гаф.


Пред неколку десетици илјади присутни, познатиот пејач одржал одличен концерт кој поминал во пријатна атмосфера и добро расположение.

Сепак, по концертот во медиумите се појавила вест дека Роби во еден момент Белград го заменил со Загреб.

'Загреб, добро вечер', е верзијата на поздравот која воопшто не им се допаднала на Београѓани.

По повод пишувањето на медиумите, се огласил и организаторот кој ги демантирал сите гласини дека пејачот наместо српскиот главен град, изговорил Загреб.

Ние не можеме да зборуваме во името на пејачот, но можеме да кажеме дека тој навистина многу вежбаше да каже "Hello, good evening", односно 'Здраво, добро вечер'. Фактот дека зборот 'здраво' за него е прилично тежок, доколку се фокусирате на снимката јасно ќе забележите дека тој вика 'Зорбо, добро вечер'...

Како изгледало тоа видете на снимката што следува:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О