Овие фотки не можеле да ги сокријат: Познати личности кои во средно училиште биле „грди пајчиња”

Понекогаш ниту парите, славата, шминката и скапите тоалети не можат да го сокријат вистинското лице на ѕвездите. Погледнете како изгледаат фотографиите кои тие најмногу би сакале да ги запалат.



Аврил Лавињ

Вистинска мала бубалица. Во 1999 година Аврил била тинејџерка која носела очила и имала чудна фризура. Само три години подоцна доживеала целосна трансформација. Аврил никогаш не ги спомнувала фотките од средношколскиот алманах кои протекоа онлајн, а судејќи по се` изгледа сака само да ги заборави. Логично.

Еминем



Пред да стане еден од најпознатите рапери во светот, Слим Шејди бил само уште едно момче кое не можело да сфати која фризура најдобро му стои. За среќа со тек на време го сфатил значењето на зборот „кул“ и целосно го променил својот стил.

Џенифер Анистон


Пред да стане Рејчел во популарната хумористична серија „Пријатели“ и „стара мома“ со најдолг стаж во Холивуд, Џенифер била буцкаста бринета и тешко дека некој би можел да погоди дека ќе стане ѕвезда.

Џими Фелон


Најсаканиот комичар во Америка – Џими Фелон во својата телевизиска емисија објавил фотографија од училишниот алманах како фотографија од која најмногу се срами. Пубертетските бркови и густите веѓи од периодот кога Фелон се` уште не знаел да користи брич предизвикале напади на смеа кај публиката.

Ники Минаж


Всушност, Фелон ја објавил својата фотографија од алманахот затоа што во истата емисија била објавена слика и од Ники Минаж која ја шернала Бијонсе по повод роденденот од пејачката. Ники тогаш признала дека ја мрази таа фотографија.

Ким Кардашијан


И секако, на крајот да не ја заборавиме познатата старлета! Мислиме дека тука секој коментар би бил излишен...

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О