Договорот се потпишува до крајот на неделата: Изградбата на Турскиот тек може да почне

"Турскиот тек" би требало да ги поврзе Русија и Турција преку Црното море, а се очекува гасоводот да стане оперативен до 2016-тата година.

Русија и Турција се договориле да ги подготват правните документи за изградба на гасоводот "Турски тек" до крајот на јуни, изјавил рускиот министер за енергетика, Александер Новак.

"Не можам да ви го кажам точниот датум на потпишување на договорот. Тоа ќе зависи од внатрешните процедури, неговото усвојување, ратификацијата и друго. До крајот на јуни ќе биде подготвен нацрт документ. Секако, веруваме дека документот треба да биде потпишан пред почетокот на изградбата", рекол Новак за RIA Novosti.


"Турскиот тек" би требало да ги поврзе Русија и Турција преку Црното море. Планираниот капацитет на гасоводот е 63 милијарди кубни метри гас годишно.

Се очекува дека гасоводот ќе стане оперативен до 2016-тата година, како замена за откажаниот проект "Јужен тек", наведува Sputnjik.


Москва и Атина, за време на претстојниот Меѓународен економски форум во Санкт Петерсбург, веројатно ќе потпишат договор за градење на продолжение на "Турскиот тек" на територијата на Грција, рекол Новак.

Тој додал дека деталите од тој документ ќе бидат објавени по неговото потпишување.

На форумот, кој ќе се одржи од 18-ти до 20-ти јуни, ќе присуствуваат рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О