Ѓорческа стартуваше со победа на фјучрсот во Прокупље

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа стартуваше на фјучрс турнирот во Прокупље откако со 7:5 и 6:0 во сетови ја совлада Вендула Зовинцова (833.место на ВТА) од Чешка.

Во првиот сет се водеше изедначена борба, а Зовинцова имаше и резултатска предност до 4:3 благодарение на брејкот направен во раната фаза од мечот.


Ѓорческа потоа успеа до крајот на првиот сет да создаде предност од еден брејк повеќе во однос на ривалката (3:2 во брејкови во првиот сет) и првиот сет да го добие со 7:5 во гемови.

Во вториот сет нашата тенисерка ја потврди улогата прв носител на турнирот и со 6:0 во гемови го доби сетот.

Следното коло Ѓорческа ќе игра против квалификантката од Аргентина Ана Викторија Гоби Монлау (1067.место ВТА), додека попладнево ќе има и меч во од четвртфиналето во игра на двојки.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О