YouTube каналот Cinema Sins ја исполни желбата на гледачите и направи видео во кое објаснува што сè е погрешно во еротскиот филм „Fifty Shades of Grey“, снимен според истоимената книга. Филмот доби многу негативни критики, но оствари солидна заработка на бокс-офисот. Следното продолжение Fifty Shades Darker се очекува да биде прикажано во 2017 година.