Дале отказ и продале сè за да патуваат низ светот

Мет и Џесика Џонсон од САД го живеат својот сон уште од 2011 година, кога дале отказ од работа и го продале целиот имот за да можат да патуваат низ светот. Досега имаат посетено 16 земји меѓу кои и Бахамите, Јамајка, Куба и Перу, пишува Bored Panda.



Со нив заедно од 2012 година патува и нивната мачка Џорџи.

Тие решиле да го напуштат „американскиот сон“ бидејќи брзиот живот и стресот за нив станале неиздржливи. Токму затоа дале отказ, продале сè што имаат и го купиле „бродот од соништата“.



„Нашиот живот беше типичен „американски сон“, да завршиме училиште, да се земеме, да купиме куќа, да започнеме кариера. Единствено досега делот со децата го изоставивме. Долго време живеевме така, минувајќи ги викендите пред телевизор, без да правиме нешто продуктивно или забавно. Набргу сфативме дека треба сето тоа да го промениме“, вели парот за Daily Mail.

Тие додаваат дека патувањето ја зацврстило нивната десетгодишна врска. Признаваат дека животот на море воопшто не е лесен, но дека засега уживаат во слободата што ја имаат.















ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О