На годинешнава I/O конференција Google го претстави Android Pay сервисот, но потоа дојде ред и на уште една интересна функција во целиот тој системот за плаќање.
Беше демонстриран Hands Free сервисот кој би требало наскоро да почне да се тестира. Купувачите ќе треба само да ги изговорат магичните зборови „Сакам да платам со Google“ и плаќањето ќе биде извршено. Без никакви вадења на паричници, кредитни картички, телефони.
Иако ова можеби за наши услови ќе изгледа како научна фантастика, наскоро овој сервис ќе може да се испроба во Калифорнија и тоа во
McDonald’s и Papa John’s продавниците, па останува да видиме кога ќе почне со масовна, комерцијална употреба.