Според Публикацијата „Миграции 2014“ изготвена од Државниот завод за статистика, Скопје е град со најмногу отселени лица. По него следуваат Охрид и Тетово.
Според официјалните статистичките податоци, минатата година од Скопје се иселиле 1.786 лица. По него следува Охрид со 643 иселени лица, па Тетово со 446 иселени, Куманово со 399, Струга со 353, Битола со 321, Гостивар со 278, Прилеп со 240 и Штип со 200 иселени.
Сепак, бројките се далеку поголеми бидејќи многумина од иселените се без регулиран престој.