Детали за трагедијата во Капиштец: 50-годишна жена загина во сообраќајката кај "Зебра" – возачот на токсикологија

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера кај трговскиот центар "Зебра" во центарот на Скопје.

50-годишната Сузана Т.П. од Скопје загина во сообраќајката што се случи во вторникот вечерта околу 20 часот на улицата „Васил Ѓоргов“, кај трговскиот центар „Зебра“, во скопската населба Капиштец.


Случајните минувачи притрчале да и помогнат на жената, но по само неколку минути, веќе не давала знаци на живот.

Возачот на автомобилот, 37-годишниот Б.Б. од Скопје и неговата сопатничка, 33-годишната Ј.П. со телесни повреди се пренесени во Ургентниот центар.

Според непотврдени информации, сопатничката е пуштена на домашно лекување, додека возачот е задржан за понатамошно лекување.

Полицијата извршила увид на лице место и сите докази ќе ги предаде во јавното обвинителство, од каде ќе се води истрагата.

Земени се крв и урина од возачот за да се утврди дали бил под дејство на алкохол. По неговото опоравување обвинителството ќе го преземе случајот и ќе ја утврдува неговата одговорност.

На местото на несреќата не се гледаа траги од кочење. Улицата беше затворена за сообраќај, а граѓаните со згрозеност го коментираа страшниот настан.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О