Четири причини зошто не треба да се оптоварувате со туѓото мислење за вас

Веројатно е невозможно комплетно да се изолирате од туѓото мислење на луѓето за вас, но доколку му придавате преголемо значење тогаш комплетно ќе ја загубите својата личност. Едно е да поработите на своите недостатоци и да станете подобра личност, а сосема друго е да се промените во целост затоа што некому не му се допаѓате такви какви што сте.



1. Затоа што тоа секогаш ќе се случува

Денес сте подготвени да се промените затоа што сте чуле некоја лоша забелешка за себе или затоа што сакате некому да му се допаднете, но факт е дека секогаш ќе има луѓе на кои едноставно нема да им се допаѓате. Ако постојано го формирате карактерот и постапките само врз основа на мислењето на другите, на крајот нема да знаете што е дел од вашата личност. Секогаш ќе има некој што ќе дофрли нешто за вас, дел од тие забелешки ќе ги чуете, но немојте тоа да го сфаќате тоа толку лично.

2. Никој не ве познава како што вие се знаете себе

Луѓето мислат дека добро ги читаат другите и подготвени се да судат на прва. Штом ве запознаат фомираат мислење, но факт е дека вие најдобро се знаете себе. Колку и да мисли некој друг дека ве прочитал, вие најдобро знаете што се крие зад вашите постапки и зборови и доколку мислите дека сте во право, зошто тогаш туѓото мислење би било важно?

3. Не можете да им угодите на сите

Подотвени сте да направите компромис и да поправите некоја работа кај себе. Самокритичноста има позитивни страни. Но, соочете се со тоа дека не можете да им угодите на сите. Истиот човек што денес ви наоѓа еден недостаток, утре ќе пронајде друг. Тоа е круг од кој нема да излезете и всушност ќе направи постепено да ја губите самодовербата. Затоа држете до себе.

4. Со тек на време ќе ви влијае на самодовербата

Ако туѓото мислење го ставите пред своето, многу е веројатно дека со тек на време самодовербата ќе почне да се намалува. Ќе почнете да мислите дека нешто навистина не е во ред со вас, дека мора да се поправите, дека останатите се едноставно подобри. Во реалноста, секој се соочува со критиките и мислењето на останатите – само што некои се соочуваат со тоа на многу поинаков начин не придавајќи преголемо значење на сето тоа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О