Индекс со десетки, перспектива во странство

Филип Стојановски е првиот студент на ФИНКИ кој студиите по информатика и компјутерко инженерство ги заврши со сите десетки во индекс. И покрај понудите за работа како демонстратор асистент на факултетот и проекти за Македонската академија за науки и уметности, неговата иднина не е поврзана со Македонија. Добил целосна стипендија и петово ќе замине на магистерски студии во Шпанија и Шведска. 


„Откако ќе завршам во Шведска се ќе зависи од тоа што ќе ми биде понудено. Каква работа или доколку се уште се немам пронајдено себе си да продолжам на докторски студии, но би сакал да биде друга земја, сепак сум млад и сакам да прошетам пред да се стационирам некаде. Дали постои како опција враќање во Македонија и барање работа? – Не ја исклучувам опцијата, но не е многу пожелна, би сакал да бидам негде во странство“, изајви Филип Стојановски.

Филип е еден од илјадниците млади кои продолжуваат да го надградуваат знаењето во европските земји, иако голем дел од нив најчесто не се враќаат да живеат и работат во Македонија. Според него, државата мора да направи план и стратегија да се запре нивното иселување.

„Треба да се направат напори да се задржат младите кои си одат надвор од државата, но тоа треба да бидат драстични мерки, кои ќе вклучат невработувања со врски поголеми плати за оние кои навистина имаат земено диплома да бидат стимулирани во државата“, вели Стојановски

Според податоците на Еуростат од 1998 до 2011 година, 230 илјади луѓе официјално се иселиле од земјава и имаат регулиран престој во странство. Тоа претставува повеќе од 10 отсто од вкупното население во Македонија.

„Јас лично живеејќи во студентски дом со години, сметам дека таму треба да се инвестира. Патувањата и таблетите се само површно нешто со кое се замажуваат очите, но треба она што е важно да се инвестира во студентите, градење истражувачки центри, местата за живеење што се најважни“, вели Стојановски.

Тој не е запознаен со најавите на Владата најдобрите студенти да добијат бесплатно патување во Рим, Париз, Венеција. Вели дека мерката е добра, но дека најдобрите нема да се задржат во државата доколку им се даваат патувања и компјутери.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ: ТУКА

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О