Слушнале вресок од ќерката која била кај стоматолог, па влегле во ординацијата и останале без зборови

Стоматолошката ординација „Smiles-U-Us” од Каролтон, Џорџија, користела посебен метод за да ги смири децата кои се опираат на забарската столица. Иако ова се прави со согласност на родителите, никој не очекувал толку екстремни мерки.

Кога Џејмс Кроу и неговата мајка ја одвеле неговата ќерка Елизабет кај стоматолог за вадење на заб, во чекалната ја слушнале како вреска. После тоа се обиделе да влезат во ординацијата, но не им дозволиле да ја видат, пишува Daily Mail.

“Седевме во чекалната и одеднаш слушнавме вресок“, раскажала Евелин Кроу, бабата на Елизабет.



Кога Џејмс сепак успеал да влезе, ја видел неговата ќерка буквално врзана за столицата. „Ми беше неподносливо да ја гледам така заробена“, рекол тој.

Од советот на стоматолози во Џорџија рекле дека не постојат прописи кои би им забраниле на стоматолозите да користат помошни средства за смирување на немирните пациенти и дека тоа може да има сериозни физички и психички последици.


Кога го прашале стоматологот кај кој била Елизабет, зошто ја врзал, им било речено само дека „не сакала да соработува“.

Џејмс ја потпишал согласноста, но никако не очекувал дека ќе бидат користени толку драстични мерки.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О