Проблеми во островскиот рај: Порторико сега му припаѓа на Вол Стрит

Гувернерот на Порторико признал дека неговата територија не може да продолжи со финансирање на својот јавен долг, кој достигнал 72 милијарди долари.

Како резултат од овој факт, тој се нашол во многу тешка позиција. Според законите на оваа островска земја, Порторико не може да прогласи банкрот, па така мора да направи ексклузивен договор со своите кредитори. Тоа значи дека од сега, Порторико има работа со Вол Стрит.

Единствено решение за Порторико е што побрзо да влезе во рефинансирање на своите долгови.

Ситуацијата во Порторико е таква што нивната економија е во рецесија, а дури 14 проценти од нивните граѓани моментално се невработени. Со мали приливи на пари во државната каса, политичарите наводно дебатираат околу големи кратења и рестрикции во буџетот, кој изнесува 10 милијарди долари.

"Мојата администрација прави сè за да го реши овој проблем", рекол гувернерот Алехандро Гарсиа Падиља, и додал дека економијата мора да зајакне набрзо, или во спротивно ќе се случат нови задолжувања.



Дури четири месеци пред да започне кризата во Порторико, нивниот најголем кредитор, берзата од Вол Стрит, останала оптимист дека сè ќе се реши во најдобар можен ред.

На почетокот на овој месец, еден од најголемите играчи на берзата, Џеф Гундлах од компанијата "DoubleLine Capital", им рекол на инвеститорите дека тој мисли дека Порторико ќе се извлече од своите долгови, и дека во најлош можен случај ќе имаат загуби на берзанскиот пазар од 80 центи наспроти еден долар. Тоа не се случило.

Најголемиот број на долгови во Порторико се општински обврзници, и сега нивната ситуација е слична на онаа кога градот Детриот прогласил банкрот. Но, за разлика од Детроит, Порторико во своето законодавство ја нема таа опција. Поради тоа Порторико ќе биде принуден константно да преговара со своите кредитори, како Грција со Европа.



Самиот Устав на оваа островска земја налага дека долговите мора да се исплатат пред сите останати финансиски облигации, што едноставно е невозможно. Во иднина, секоја финансиска акција на Порторико ќе бара референдумско изјаснување на граѓаните.

Гувернерот Гарсија е подготвен да се случи токму тоа.

"Не постои друга опција", рекол Гарсија за New York Times, и додал дека тој лично би сакал да има други опции, но дека "ова не е политика, ова е проста математика".

Овие изјави на гувернерот биле следени и на берзата, па така трговијата со обврзници во оваа држава било сопрено. Истите паднале за дури 12 проценти од изјавата на гувернерот.



Порторико размислувала да земе нов кредит од 2,9 милијарди долари, пред да објави дека се наоѓа во финансиски проблеми, но гувернерот Падиља тоа го одбил со зборовите: "Доста беше".

Тој рекол дека повеќе не сака да позајмува пари од Вол Стрит за да ги "крпи" дефицитите во буџетот, додека од друга страна мора да ги замоли своите граѓани, кои се борат со висок степен на сиромаштија, да им ги зголеми даноците и да им ги намали пензиите.

Кредиторите на Порторико исто така мора да почувствуваат болка од финансиското реконструирање - рекол Падиља. Останува само да се види колку болка е подготвен Вол Стрит да поднесе.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О