Џон Сноу на трибините на Вимблдон

Актерот Кит Харингтон (28), најпознат по улогата на Џон Сноу во серијата „Game of Thrones“ овие денови беше забележан на трибините на тенискиот турнир Вимблдон. Вимблдон секоја година привлекува голем број на познати личности, но годинава поради финалето на петтата сезона од серијата, Кит Харингтон е центар на вниманието.



Секое појавување на Кит е причина за веднаш да се појават теориите околу судбината на Џон Сноу. Актерот во едно свое интервју изјави дека постои толкава строгост во неговиот договор околу изгледот што треба да го задржи (особено во поглед на потстрижувањето на косата) за да ја игра оваа улога, така што мора постојано да внимава на тоа. Токму изгледот на Харингтон на Вимблдон беше причина за повторно да се појави теоријата дека Џон Сноу е жив.



Постои уште една причина поради која се подгрева теоријата за судбината на Џон Сноу.



Имено, секоја година актерите кои ги толкуваат ликовите кои умираат во серијата се појавуваат на Comic-Con (неколку дневен настан на кој присуствуваат голем број обожаватели на серии и филмови), но оваа година HBO објави дека Харингтон нема да биде присутен на настанот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О