Необработени фотографии од кампања за костими за капење

Токму во периодот пред одморите ќе наидете на голем број написи за тоа како треба да го подготвите телото за да изгледате добро во костим за капење. Сепак, има и кампањи кои се дистанцираат од таквите совети и целта им е да им сугерираат на жените дека изгледаат одлично такви какви што се.


Swimsuits For All ги здружи силите со моделот Денис Бидо и претстави колекција костими за капење за жени со облини. Целта е да се охрабрат сите жени и тоа преку кампања која се промовира преку хаштагот #NotSorry, со тоа што се објавени необработени фотографии и видео од снимањето на фотосесијата.



Брендот Swimsuits For All веќе неколку сезони претставува колекции костими за капење за полнички жени.


„Ние веруваме дека секое женско тело е прекрасно и дека секоја жена заслужува да изгледа и да се чувствува добро во костим за капење“ – велат од брендот.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О