Овој брз колач кој не треба да се пече ќе ви биде идеален десерт во топлите денови.
Потребни состојки:
» 250 грама бисквити
» 150 грама млечна чоколада
» 150 грама темна чоколада
» 100 грама несолен путер
» 150 грама мед
» 100 грама исецкани суви кајсии
» 75 грама суво грозје
» 60 грама сецкани ореви или ф`стаци
Подготовка:
1. Обложете го садот со хартија за печење.
2. Истрошете ги бисквитите користејќи сукалка (бисквитите претходно ставете ги во пластична кеса за да не ви летаат насекаде).
3. Истопете ги чоколадата, путерот и медот на пареа. Повремено промешајте.
4. Отстранете го садот од пареата и измешајте ги искршените бисквити, кајсиите, сувото грозје и ф`стаците.
5. Смесата префрлете ја во плех и израмнете ја одозгора.
6. Оставете да се олади, а потоа ставете ја чоколадата одозгора и ставете го колачот во фрижидер 1-2 часа.
7. Пред сервирањето исечете го колачот на 12 коцки и уживајте во вкусниот десерт!