Вака започнува петминутното видео во кинеските медиуми посветено на нашата земја откако вчера беше промовирана новата електромоторна патничка гарнитура во фабриката на компанијата ЦРРЦ во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
- Македонија е отворена, ги прифаќа останатите, го прифаќа светот со широко отворени раце, започнува епско патување какво што никогаш немало на територијата. Истовремено во Кина ЦРРЦ посветено работи на иновации и извоз во над 10 земји, заработувајќи 30 милијарди ренминби (кинески јуани). Во 2010-тата година ЦРРЦ дебитираше на интернационалниот пазар, а во 2014-тата година го испорача првиот електричен воз за Малезија. Договорот со Македонија беше потпишан на 24-ти јуни 2014-тата година. Ваков тип на воз за првпат ќе стапне во Европа, се вели во видеото.
Безбедносните стандарди целосно се почитувани, а возот е просторен, има изолација на звуци и удобност за безбедно патување. Возот е еколошки и не загадува.
- За пазарот во Македонија развивме поинаква стратегија. Влеговме на пазарот и мислам дека ќе имаме и други прилики за да учествуваме во напорите на земјата да го надгради железничкиот транспорт во земјата, вели Занг Минју, потпретседател на ЦРРЦ.