Средношколски пленум: Ќе продолжи борбата за измена на моделот на екстерното тестирање

Екстерното тестирање веќе подолго време е мета на критики од учениците, родители и наставници. Учениците годинава повторно наидоа на нелогичности, на чудни, содржински и технички грешки во самите прашања од тестирањето, а новите резултати додадоа оган и незадовосто во однос на неговото спроведување и нефункционалност. Наставниците најавија претставки до Уставен суд, а непопустливоста на власта не ги демотивира „пленумците“ да бараат промена на постојниот модел.



Барањето на Средношколскиот пленум беше екстерното тестирање да се стави во мирување оваа година и оценките на матурантите кои го полагаа во јануари да не влезат во свидетелствата.

„Имавме и одредени отстапки, предложивме да се оди со оној словенечки метод на тестирање со кој тестирањето се спроведува по анонимен пат со статистичка цел, без притоа оценките да влегуваат во просекот. Но за жал тоа не го прифатија, но не знаеме зошто. Видете, многу е непријатно што само со еден тест некој може да го расипе целиот просек на крајот од годината. Просекот се вади така што од 12 наставни предмети на пример се додаваат и оценките од екстерното се собираат и тоа се дели со 14 и автоматски се добива помал просек. Затоа велиме дека ние не сме против укинување на тестирањето, но инсистираме постојниот модел да претрпи промени. Нека не се укинува, но да се смени. Затоа ќе продолжиме со нашите активности и во наредниот период, посебно од септември со стартот на новата учебна година“, вели за Дојче веле Александар Милески од Средношколскиот пленум.



Професорката Жаклина Прекиќ, кoјa е дел од Наставнички пленум, за МКД.мкрече дека екстерното тестирање, кoе е кoнципирaнo нa сoсемa пoгрешнa oснoвa, е лoшo за одличните, а на некој начин награда за оние помалку добри ученици, кoи сo применa нa методите нa „бинго“ успевaaт да добијат поголеми оценки, т.е резултaтите нa крaј не ја даваат реaлнaтa, вистинскaтa слика нa знaењетo нa учениците.

„Тоа е моето конкретно мислење, но мислaм декa тоа е и мислењето на сите професори, независно дали се или не се вклучени во Наставнички пленум. Ова е веќе борба на нашата нaстaвничкa фела за квалитетнo образование, бидејќу нa вaкoв нaчин, сo прaктикувaње нa екстернoтo тестирaње пoстaвенo нa вaквa oснoвa, им испраќаме погрешни сигнали на децата, нa нaшите ученици, ние, кои треба да ги едуцираме нaшите ученици на стекнувaње нa позитивни вредности вo текoт нa нивнoтo oбрaзoвaние. Сo ваков начин нa реaлизирaње нa екстернoтo тестирaње децaтa добиваат погрешни перцепции и искривенa сликa зa тoa како треба да се однесуваат и понатаму во животот, дa се пoтенцирa фoрмaтa сo зaнемaрувaње нa суштинaтa нa нештaтa", рече Прекиќ од Наставнички пленум.

Од Наставнички пленум сметаат одредбите за казните и за наградите за наставниците се спорни, за што наставниците подготвуваат иницијатива со собирање потписи, претставка која ќе ја поднесат до Уставен суд. Сметаат постојат многу спорни законски членови, пa зaтoa преку правна процедура сакаат да укажат дека не е во ред на ваков начин да функционира образование. Бараат квалитетно образование, а не образование засновано на казни.



Додека МОН го прикажа екстерното како соодветна реформа за домашниот образовен систем, учениците дадоа и свои контраргументи кон тестирањето. Од Средношколски пленумот сметаат дека екстерното тестирање не го унапредува знаењето и интелектуалните процеси кај учениците, оценката добиена од екстерното тестирање не може да се спореди со оценката добиена од предметниот наставник, односно оценката добиена од екстерното тестирање не соодејтствува со знаењето на учениците. Истовремено, реагираат и на сведителството издадено со најниската оцена – недоволен 1, која е невалидна бидејќи таа ќе биде впишана во сведителството, а нема да биде признаена во повеќето странски земји.

Средношколците и наставниците се сложни во мислењето дека образованието е процес, а не проект. Доколку не се смени нешто во однос на екстерното тестирање и казните за наставниците, од Наставнички и Средношколски пленум не ја исклучија можноста за нов бојкот на наставата на почетокот на учебната година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О