Германската влада во петок официјално го призна геноцидот во Намибија извршен врз десетици илјади припадници на племињата Хереро и Нама од 1904 до 1908 година, кога тоа беше германска колонија.
Берлин тоа го направи по повод 100 годишнината од крајот на германското колонијално владеење на 9 јули 1915 година.
Владата сега признава дека „војната до уништување во Намибија од 1904 до 1908 година било воено злосторство и геноцид“, објави германското министерство за надворешни работи.
Сепак, не е јасно дали Германија за тоа и официјално ќе се извини.
Германските колонијални сили принудиле десетици илјади мажи, жени и деца од племето Хереро во намибијската пустина да умрат од жед во 1904-1905 година.
Главатарот на Хереро Векуи Рукоро рече дека тој масакр беше „прв геноцид на 20 век“.