По излегување на оваа вест, имаше реакции на социјалните мрежи од луѓе кои го гледаа ова како „нефер“ и беа очигледно бесни поради неговата голема заработка.
25-годишниот Феликс преку видео на својот канал, им одговори на хејтери:
„Многумина беа бесни поради фактот што толку заработувам и мислеа дека не е фер. Мислат дека седам по цел ден и викам пред екран. Што е точно! Но ова што го правам е многу повеќе од тоа.“
Тој додава дека луѓето се позаинтересирани од него за тоа колку тој заработува, а особено е исфрустриран бидејќи повеќе фама се кренало околу неговата заработка, отколку околу сите пари што ги собрал за хуманитарни цели.
Погледнете го видеото:
Каналот PewDiePie моментално има речиси 38 милиони претплатници и над 9 милијарди прегледи на видеата.