Се чини дека дизајнерот планира да поминува повеќе време во Калифорнија, со оглед на тоа што „го одврза ќесето“ за оваа прекрасна градба во која планира да се пресели.
Спектакуларниот дом од 864 метри квадратни, сместен во Холивуд Хилс, чини 25 милиони долари, според Wall Street Journal.
Хациендата со 5 спални соби е квадратно поставена и има современ архитектонски стил. Освен спалните соби, во неа има лизгачки стаклени ѕидови, „бескраен“ базен, 4-метарски таван и мост кој проаѓа преку водопад и од кој се влегува во овој спектакуларен објект.
Куќата е дизајнирана од архитектот Пол МекКлин.