Кавадарчани украле мајмун од Зоолошката градина во Скопје

Двајца кавадарчани С.Н.(31) и И.П.А.(26), вчера попладне украле мајмун од видот Павијан од Зоолошката градина во Скопје, соопшти МВР.



– Вчера во 17:30 часот е поднесена пријава дека двајца посетители во Зоолошката градина во Скопје украле мајмун. Со употреба на погоден алат пресекле делови од челични жици од мрежестата ограда од челична плетена мрежа и низ отворот го украле младото животно мајмун од видот павијан. Го ставиле во вреќа и најверојатно прескокнувајќи ја задната капија на Зоолошката, избегале со такси – рече Лиза Бендевска, портпаролка во МВР.

Крадците биле приведени околу 21 часот во Кавадарци, а мајмунчето е вратено во Зоолошката градина.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О