Ким Јонг Ун нареди војската да биде подготвена за војна

Севернокорејскиот лидер Ким јонг Ун наредил војската да биде подготвена за војна. На овој потег се одлучил по размена на оган со Јужна Кореја преку границата на двете земји, пишува Guardian.



На итен состанок што се одржал вчера лидерот прогласил полувоена состојба, заканувајќи се со воена акција доколку Сеул не го прекине емитувањето на пропагандата против Пјонгјанг.

Не е прв пат Северна Кореја да се заканува на Сеул. Новинарот Стив Еванс од BBC вели дека ваквиот чин на агресија често ескалира со размена на оган, но овој пат заканувачката реторика е уште пожестока.


Парк Геун Хуе, претседателката на Јужна Кореја разговара со советот за безбедност за последните случувања со Северна Кореја

Јужна Кореја по единаесет години повторно ги постави звучниците за пропаганда на границата откако неколку војници нагазија на мини во пограничната област со Северна Кореја. Сеул емитува пораки од звучниците со кои ја осудува Северна Кореја.

Во 2004 година Северна и Јужна Кореја постигнаа договор за прекин на пропагандата со звучници.

За среќа, во вчерашната размена на оган нема повредени.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О